Грција доби ново предупредување од ЕУ за пазарот на обложување

29/02/2008

БРИСЕЛ, Белгија -- Грција, заедно со Холандија, доби нови предупредувања од Европската комисија (ЕК) во четвртокот (28-ми февруари), во врска со ограничувањата на нивните пазари на обложување. Комесарот за внатрешниот пазар на ЕУ, Чарли Меккриви, објасни дека ЕК ја предупреди Атина во врска со ограничувањата што ги спречуваат претпријатијата за спортско обложување кои се законски лиценцирани во друга земја-членка да влезат на грчкиот пазар на обложување. ЕК й даде на Грција рок од два месеци да ги направи потребните прилагодувања.

Во другите вести, земјотрес со првична јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала, ја погоди јужна Грција во четвртокот. Епицентарот беше во близина на јужниот град Каламата. Нема извештаи за повредени или штета. (Ројтерс, Блумберг, АП - 28/02/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading