Став од бомба доведе до евакуација на црногорскиот парламент

29/02/2008

ПОДГОРИЦА, Црна Гора -- Заканата со бомба во парламентот во четвртокот (28-ми февруари) ја одложи расправата за новата влада, што ќе ја предводи премиерот Мило Ѓукановиќ. Заканата беше примена набргу откако Ѓукановиќ ја претстави својата платформа. По евакуацијата на зградата, при претресот на истата не беше пронајден доказ за какви било експлозивни направи. Ѓукановиќ се согласи да се врати на чело на владата и да го замени Жељко Штурановиќ, кој поднесе оставка откако му беше дијагностициран рак. (Вијести - 29/02/08; Антена М, РТЦГ, БИРН, АФП - 28/02/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading