Ѓул ја отфрли можноста за целосна инвазија на северен Ирак

28/02/2008

AНКАРА, Турција -- Претседателот Абдула Ѓул во средата (27-ми февруари) ја отфрли можноста за целосна инвазија на северен Ирак и рече дека тековната копнена офанзива против базите на Курдистанската работничка партија (ПКК) во регионот има за цел единствено искоренување на терористите.

Американскиот министер за одбрана, Роберт Гејтс, во вторникот во Анкара се состана со турскиот министер за одбрана Веџди Гонул, и побара операцијата да заврши што е можно побрзо. Денес е седмиот ден од нејзиниот почеток. Турција не даде временска рамка за повлекувањето. Ахмет Давутоглу, главниот советник за надворешна политика на премиерот Реџеп Тајип Ердоган, во средата во Баград се состана со ирачкиот министер за надворешни работи, Хошјар Зебари. По состанокот, Давутоглу посочи дека копнената офанзива ќе заврши тогаш кога ќе биде неутрализирана опасноста од ПКК. (ДПА, АФП, Сабах, Заман, СНН - 28/02/08; новинска агенција Анадолу, Милијет - 27/02/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading