Министрите за одбрана на ЕУ уверени дека мировниците во БиХ и Косово можат да се справат со немирите

22/02/2008

ЉУБЉАНА, Словенија -- Министрите за одбрана на ЕУ се согласија во четвртокот (21-ви февруари) дека меѓународните мировници во Босна и Херцеговина (БиХ) и Косово можат да се справат со какви било немири што би можеле да избијат во врска со косовската одлука да се отцепи од Србија. На неформалниот состанок во Словенија, министрите, исто така, посочија дека ќе бидат подготвени за зголемување на ЕУФОР во БиХ, кој број 2.500 припадници, ако сепаратистичките дејства се интензивираат, но истакна дека во моментов нема потреба за такво нешто. „Добрата вест е тоа што од безбедносна гледна точка, Босна остана многу стабилна, многу непогодена од настаните во Косово“, рече генерал-полковник Дејвид Лики, генерален-директор на воениот персонал на ЕУ.

Набргу по пристигнувањето за состанокот, германскиот министер за надворешни работи, Франц Јозеф Јунг, ја посети Приштина, каде што објави дека неговата земја ја признава независноста на Косово. Тој, исто така, вети дека Германија ќе му помогне на Косово да го заштити територијалниот интегритет. (AП, Макфакс, СТА, Фокус - 21/02/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading