22/02/2008
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Советот на министри во четвртокот (21-ви февруари) го одобри законот за формирање фискален совет, важен услов на патот кон интеграцијата во ЕУ и значаен предуслов за воспоставување на единствена економска област во БиХ. Советот ќе ја координира фискалната политика во БиХ, Република Српска и Федерацијата на БиХ. Еден од неговите најважни задачи ќе биде следењето на подготвувањето на буџетите на различни нивоа за да се избегнат големи несовпаѓања. Воспоставувањето на советот е долготрајно барање на Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд. (Дневни аваз - 22/02/08; РТРС, Фена, АФП - 21/02/08)