„Фич“ го намали рејтингот на Бугарија и Романија

01/02/2008

МУМБАИ, Индија -- Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ ги намали изгледите на суверените рејтинзи на Бугарија, Романија, Естонија и Латвија, од „стабилни“ на „негативни“ во четвртокот (31-ви јануари). Агенцијата својата одлука ја базира на обемот на дефицитите на тековните сметки на овие земји. Бугарскиот дефицит се зголеми за 19,5 отсто од БДП минатата година, нивото во Романија беше 14 отсто, а во Латвија и Естонија, нивоата се зголемија на 25 отсто, односно 16 отсто. Исто така во четвртокот, Светската банка предупреди дека земјите со висок дефицит на тековните сметки, најверојатно, ќе се соочат со негативните последици на глобалните економски флуктуации. (Фајненшал тајмс, Зиарул- 01/02/08; Hotnews.ro, БГНЕС, Томсон фајненшал - 31/01/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading