Лајчак предупреди дека буџетската криза би можела да има подлабоки последици

30/01/2008

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Високиот претставник Мирослав Лајчак во вторникот (29-ти јануари) ја повтори загриженоста во врска со непостигнувањето согласност помеѓу институциите во БиХ за државниот буџет за 2008 година и негово доставување на парламентот. Во соопштението на веб-страницата на Канцеларијата на високиот претставник, тој вели дека ситуацијата го покажува пропаѓањето на институционалната соработка во БиХ, како и тоа дека институциите во БиХ не се подготвени да се вклучат во дијалог и да изнајдат компромис за клучните политички прашања.

Претседателството на БиХ треба да дискутира за предлог-законот на итната седница в среда, но Лајчак рече дека може да се очекува трето одбивање. „Непостигнувањето согласност околу државниот буџет за 2008 година ќе има штетни послецици врз босанските институции и испраќа негативна порака до босанската јавност и меѓународните партнери на земјата“, рече тој. (Дневни аваз, Независне новине - 30/01/08; веб-страница на ОХР, Фена - 29/01/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading