Полицијата на БиХ спроведе рација против криминална банда

16/01/2008

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Полицијата уапси четворица наводни членови на организирана криминална банда за време на двете рации во сараевската елитна населба Циглане. Во понеделникот (14-ти јануари) полицијата го уапси наводниот водач на бандата, Мухамед Али Гаси, и уште двајца членови. Во вторникот полицијата го уапси братот на Гази, Азиз. Пред околу десетина дена полицијата уапси петмина други наводни припадници на групата. Во тек е потрага по уште еден член. Бандата, за која се верува дека е една од најголемите во БиХ, беше вмешана во убиства, уцени и рекетирање. (Дневни аваз - 16/01/08; Фена, РТРС -15/01/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading