Босанскиот суд обвини поранешен српски генерал за воени злосторства

02/01/2008

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Босанскиот суд во понеделникот (31-ви декември) подигна обвинение против поранешниот српски генерал Новак Ѓукиќ, за неговата наводна вмешаност во масовните убиства за време на конфликтот во периодот 1992-1995 година. Обвинителите велат дека на 25-ти мај 1995 година тој го надгледувал бомбардирањето на Тузла во северозападниот дел од земјата. Од еден проектил на армијата на Република Српска што го погоди центарот на градот загинаа скоро 71 претежно млади луѓе, а десетици други беа ранети. Ѓукиќ (52) беше уапсен пред два месеци во Бања Лука. (AФП, МИА, БТA - 31/12/07)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading