Црногорскиот парламент ја обелодени економската платформа за 2008 година

21/12/2007

ПОДГОРИЦА, Црна Гора -- Владата во четвртокот (20-ти декември) ја објави својата платформа за економската политика за 2008 година. Истата предвидува околу 790 милиони евра странски инвестиции следната година, економски раст од 7 отсто и инфлациска стапка од 4 отсто. Владата планира да се фокусира на зголемувањето на вработувањето и предвидува вкупниот број на вработените да се зголеми за 3,7 отсто, што ќе резултира со намалување на стапката на невработеност на 10,8 отсто до крајот на следната година. Документот, исто така, повикува на забрзување на проектите во инфраструктурата и енергетскиот сектор, како и повеќе инвестиции во водоснабдувањето, управувањето со отпадот и проектите за промовирање на бизнисот. (РТЦГ, Макфакс -20/12/07)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading