10/12/2007
ТИРАНА, Албанијa -- Претставникот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Тирана, Ан-Маргарет Вестин, во петокот (7-ми декември) ја советуваше албанската влада да ги зголеми цените на струјата за да ја намали висината на парите што се трошат за субвенционирање на државното претпријатие албанска Електро-енергетска корпорација. Вестин рече дека ако владата не ја зголеми цената на струјата, ММФ ќе побара од владата да го ревидира буџетот за 2008 година и да ги зголеми даноците. (Шекули, Коха Јоне, Шкип, 24-oрe - 08/12/07; Топ-ченал, Балканвеб - 07/12/07)