Романскиот леј падна на најниско ниво во последниве 16 месеци во однос на еврото

23/11/2007

БУКУРЕШТ, Романија -- Лејот во четвртокот (22-ри ноември) падна за 15 отсто во последниве месеци, на најниско ниво во последниве 16 месеци од 3,6000 за евро. Локалната валута почна да паѓа откако достигна највисоко ниво во последниве пет години од 3,0870 во јули. Аналитичарите делумно ја обвинуваат владата поради нерешавањето на економскиот дебаланс. Во четвртокот гувернерот на Централната банка, Мугур Исареску, побара поддршка за монетарната политика на банката со ограничување на доходот и фискални ограничувања. Тој рече дека ќе биде невозможно да се одржи долгорочната инфлација под 10 отсто, ако платите ја надминат оваа стапка. Тој, исто така, предупреди за можно прегревање на економијата. (Романија либера, Котидианул - 23/11/07; Hotnews.ro, Ројтерс - 22/11/07)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading