ОБСЕ забележа подобрување во две клучни области во Хрватска

02/11/2007

ЗАГРЕБ, Хрватска -- ОБСЕ објави дека Хрватска постигна значајни чекори во поглед на судските реформи и човековите права. Шефот на мисијата на ОБСЕ во Хрватска, Јорге Фуентес Монзонис-Вилалонга, во средата (31-ви октомври) рече дека земјата е можно да пристапи во ЕУ во текот на следните четири години. Тој, сепак, предупреди дека Европската комисија најверојатно ќе биде многу критична во поглед на неодамнешните случувања поврзани со корупцијата, со оглед на тоа што борбата против корупцијата стана еден од најважните критериуми за членство во ЕУ во последниве години. (Вечерњи лист, ХИНA - 01/11/07)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading