31/10/2007
ПРИШТИНА, Косово, Србија -- Во изјавата од вторникот (30-ти октомври) мисијата на ОБСЕ во Косово изрази загриженост во врска со тоа како судските власти во покраината се справуваат со случаите на трговија со луѓе кои доаѓаат во судовите. ОБСЕ го претстави извештајот во кој се нагласени најчестите проблеми: жртвите на трговијата со луѓе не ги добиваат основните гаранции предвидени со законот, а понекогаш и на самите нив им се заканува судско гонење. Исто така, не се идентификуваат и не се третираат соодветно жртвите на трговијата со луѓе, не се применуваат соодветно мерките за заштита на сведоците и не се разбрани целосно сите прашања поврзани со трговијата. (соопштение за печатот на ОБСЕ, РФЕ, РТК -30/10/07)