12/10/2007
БРИСЕЛ, Белгија -- Бугарија во четвртокот (11-ти октомври) предупреди дека е можно да го блокира потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) помеѓу ЕУ и Црна Гора. Во прашање е начинот на кој зборот „евро“ се спелува во ССА. При посетата на Брисел, бугарската министерка за европски прашања, Гергана Гранчарова, објасни дека нејзината земја инсистира на кириличното спелување на „еврото“ во бугарската верзија на документот. Софија истакна дека ова не е спор со Црна Гора, туку обид да се стандардизира официјалната употреба на кириличното писмо.
Црна Гора се очекува да ја потпише ССА на маргините од состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург на почетокот од следната недела. (ЕУОбсервер, 24 Часа - 12/10/07; бТВ, Нова ТВ, БНР - 11/10/07)