Црна Гора вели дека откажувањето од еврото е „апсолутно невозможно“

11/10/2007

ПОДГОРИЦА, Црна Гора -- „Апсолутно невозможно“ за Црна Гора е да се откаже од еврото како свое официјално платежно средство, рече гувернерот на Централната банка, Љубиша Крговиќ, доцна во вторникот (9-ти октомври). Како одговор на предупредувањата на ЕУ дека унилатералното воведување на еврото претставува кршење на Договорот за монетарна унија, Крговиќ рече дека претставниците на ЕУ се свесни оти напуштањето на еврото претставува огромен економски ризик. Тој, исто така, истакна дека во 2002 година, кога Црна Гора унилатерално го воведе еврото, меѓународните институции реагираа позитивно. (Република, Фокус, Антена М - 10/10/07)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading