Персонал на Шведската амбасада и војници на КФОР обвинети за шверцување луѓе во Македонија

09/10/2007

СКОПЈЕ, Македонија -- Властите велат дека персонал на Шведската амбасада и КФОР бил вклучен во шемата на шверцување пет жители на Косово. Петмината, наводно, биле пренесени преку границата со џипови на шведскиот контингент на КФОР во саботата (6-ти октомври). Тие, наводно, имале пасоши што нелегално ги издала Шведската амбасада во Скопје. Плановите за лет до Стокхолм биле спречени кога пограничната полиција забележала дека тие немаат печати за влез во Македонија. Властите велат дека тие влегле во земјата преку помошниот пограничен премин кај Блаце, кој редовно го користи КФОР.

Шведската амбасада вели дека ги испитува околностите на инцидентот. (A1, Actualno.com, ДПА, Макфакс, АФП, Нова Македонија - 09/10/07)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading