ЕУ го пофали напредокот на Албанија и рече дека останува уште многу работа

03/10/2007

ТИРАНА, Албанија -- Европскиот комесар за образование, обука, култура и млади, Јан Фигел, во вторникот (2-ри октомври) ја заврши дводневната посета на Тирана. Тој рече дека Албанија постигнала голем напредок на својот пат кон ЕУ, но и дека останува уште многу работа. „Албанија треба да ја заврши својата основна домашна работа, бидејќи ова е ваша земја и ние само можеме да ве поддржиме на тој пат“, рече Фигел. Тој додаде дека Албанија е поблизу до ЕУ отколку пред една или две години, како што покажа и потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА).

Во меѓувреме, водачот на албанската социјалистичка партија, Еди Рама, во вторникот замина за Брисел, во обид да ги зајакне изгледите за ратификување на ДСА, кој беше потпишан во јуни 2006 година, но допрва треба да биде ратификуван од страна на неколку членки на ЕУ. Рама ќе оствари разговори со претставници на Европскиот парламент и меѓународни експерти за јавна политика. (Шекули, Шкип, Кохајоне, Газета шкиптарe - 03/10/07; Балканвеб, Топ-ченал, БИРН - 02/10/07)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading