Хрватската полиција презеде остри мерки против меѓународниот синџир на трговија со луѓе

28/09/2007

ЗАГРЕБ, Хрватска -- Полицијата пресече локална мрежа на трговија со луѓе, уапсувајќи 28 лица во четвртокот (27-ми септември). Властите велат дека групата шверцувала претежно турски и албански државјани во Хрватска и оттаму во Словенија и Западна Европа. Најмалку 150 нелегални имигранти биле прошверцувани од почетокот на годинава, плаќајќи помеѓу 600 и 4.500 евра за човек. Властите велат дека тие обично биле пренесувани со редовните летови од Турција за Загреб или Сараево, или од Албанија за Црна Гора и потоа во земјите-членки на ЕУ. Полициските служби на Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора помогнале во разоткривањето на случајот. (ХРТ, Index.hr, УПИ, АФП - 27/09/07)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading