25/09/2007
БУКУРЕШТ, Романија -- Социјалдемократската партија (ПСД) во понеделникот (24-ти септември) покрена иницијатива за гласање недоверба на владата на премиерот Калин Попеску Таричеану. Потегот уследи по серија одложувања и дебати во самата партија во врска со шансите за соборување на владата. Иницијативата за недоверба, наречена „100 дена хаос“, треба да добие поддршка од 232 од вкупно 463 гласови во парламентот за да успее. ПСД има 146 места во двата дома и се надева дека ќе привлече околу 100 гласови од другите партии. Гласањето се очекува следната недела. (Nine o'clock, Адеварул, Котидианул, Гардианул, Зиуа - 25/09/07; Hotnews.ro, ЊусИн - 24/09/07)