Српската полиција пресече голем синџир на тргоција со цигари

14/09/2007

БЕЛГРАД, Србија -- Полицијата пресече голем меѓународен криминален синџир кој, наводно, шверцувал цигари од азиски за европски земји во четвртокот (13-ти септември). Министерот за внатрешни работи, Драган Јоциќ, рече дека членовите на бандата, вклучително и нивниот водач, биле уапсени по неколкумесечно следење.

Во другите вести од четвртокот, македонското Министерство за правда побара од УНМИК да го екстрадира Заим Халили во врска со пукањето во понеделникот. Тој и двајца други вооружени напаѓачи, наводно, нападнале полициска патрола во селото Ваксинце, убивајќи еден полициски командир и ранувајќи двајца полицајци. Халили, за кој инспекторите велат дека ја водел групата, е обвинет за убиство, напад на полицаец и насилство. Ранет во престрелката, тој избега во Косово, но беше уапсен и хоспитализиран во Приштина. (Maкфакс, А1 ТВ, РТРС - 13/09/07)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading