Бугарскиот претседател подготвен да дејствува како посредник во надминувањето на етничките тензии

26/08/2007

СОФИЈА, Бугарија -- Говорејќи во саботата (25-ти август), на 130-годишнината од Епипејата Шипка, една од најважните битки во бугарската историја, претседателот Георги Парванов ја отфрли идејата за воспоставување етничка национална гарда. „Можеме да замислиме што ќе се случи ако секој етнос почне да создава своја гарда. Ова е најкусиот пат до етничката и верска конфронтација“, рече Парванов, додавајќи дека е подготвен да дејствува како посредник во напорите за намалување на етничките тензии помеѓу Бугарите и Ромите.

Коментарот на претседателот беше одговор на неодамнешниот револт на Ромите во софиската област Красна Полјана. Најмалку 200 Роми, со секири, стапови, вили и камења, сакаа да им се одмаздат на групата синхендси кои повредија еден ромски тинејџер пред две недели. (БГНЕС, Дарик, Фокус, Софиска новинска агенција - 25/08/07)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading