24/08/2007
AТИНА, Грција -- Вонредните избори на 16-ти септември ќе одредат дали земјата ќе се придвижи напред или назад, рече премиерот Костас Караманлис во четвртокот (23-ти август). Караманлис, кој ја предводи владејачката Нова демократија (НД), побара од гласачите да ја покажат својата поддршка за тековните реформи. За време на состанокот на централниот комитет на НД во четвртокот, тој го откри пакетот од 11 мерки чија цел е решавање на прашањата на социјалната сигурност во земјата. (Катимерини - 24/08/07; AНА-МПА, ЕРТ, Дау Џонс - 23/08/07)