Турција ги обвини наводните киднапери за членство во вооружена терористичка група

24/08/2007

AНКАРА, Турција -- Судот во Анталија доцна во четвртокот (23-ти август) ги обвини двајцата мажи кои, наводно, се обидоа да реквирираат патнички авион со 140 луѓе минатата недела, за „киднапирање авион, членство во вооружена терористичка група и закана по слободата на луѓето“. Парот, Палестинец со египетски пасош и Турчин, ќе останат во притвор во очекување на судењето. За време на сослушувањето во вторникот властите рекоа дека тие признале оти го планирале кидпапирањето пет дена. Еден од нив, наводно, рекол дека побарале да бидат однесени во Техеран бидејќи бил сигурен оти „организациите како Хамас или Хезболах ќе ни помогнат потоа. Сакав да стигнам до водачот на областа на џихадот во Авганистан.“

Во другите вести од четвртокот, турските власти уапсија седум лица од терористичката Курдистанска работничка партија (ПКК), кои наводно планирале напади на автобуси во Истанбул. Полицијата вели дека открила оружје и муниција во нивните домови, како и постери на затворениот водач на ПКК, Абдула Ѓул. (AФП, Ројтерс, Радикал, НТВ, Њу Анатолијан, Анадолу, Сабах - 23/08/07)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading