Грција уапси повеќе од 60 нелегални имигранти

21/08/2007

AТИНА, Грција -- Властите уапсија 63 илегални имигранти во понеделникот (20-ти август) во различни делови од земјата. Во еден случај, едно 16-годишно момче беше откриено како се крие во возило, натоварено на брод што пловел за Грција. Други 18 лица, вклучително и жени и деца, беа фатени на островот Самос, како и друга група од 41 илегални имигранти од Либан, Сомалија и Авганистан.

Исто така во понеделникот, грчката полиција уапси татко и син за наводен шверц со имигранти. Тие беа уапсени на пат помеѓу Флорина и Едеса, додека превезуваа група од девет лица. (НЕТ ТВ, ЕРТ - 20/08/07)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading