Бугарски трговец со нафта се изјасни за виновен за шверц, користејќи ја програмата „нафта за храна“

20/08/2007

ЊУЈОРК, САД -- Бугарскиот трговец со нафта со седиште во Хјустон, Лудмил Дионисиев, во петокот (17-ти август) во Њујорк се изјасни за виновен за шверц на ирачка нафта за американски претпријатија, користејќи ја програмата на ОН „нафта за храна“. Дионисиев беше обвинет за носење ирачка нафта во САД во јануари 2001 година за две претпријатија во сопственост на друг обвинет, Дејвид Чалмерс, од Тексас.

Подоцна во петокот, Чалмерс, исто така, се изјасни за виновен за плаќање тајна доплата, прекршувајќи ги санкциите на ОН и американското право, на придружни претпријатија и банкарски сметки на ирачката влада во тоа време. Признавањата на вината се очекува да резултираат со поблаги казни отколку ако обвинетите беа судени и осудени. (Стандард, Дневник - 20/08/07; Медиапул - 19/08/07; Ројтерс, АП - 18/08/07)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading