Кејси вели дека Турција ќе се консултира со САД пред каков било упад во северен Ирак

16/08/2007

ВАШИНГТОН, САД -- Tурција ќе се консултира со САД пред каков било упад во северен Ирак, беше цитирана изјавата на генерал Џорџ Кејси, началник на американската војска, во весникот „Хуријет“ во четвртокот (16-ти август). Запрашан за можноста за заедничка американско-турска воена операција против војниците на Курдистанската работничка партија (ПКК), Кејси рече дека американската војска верува оти нејзините турски сојузници ќе остварат сериозни дискусии со Вашингтон пред да отпочнат каква било операција.

Пред неговото сегашно назначување, Кејси беше командант на мултинационалните сили во Ирак. (Сабах, Хуријет - 16/08/07)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading