Муџахедин кој тврдеше дека му се нарушени човековите права се заканува дека ќе ја тужи БиХ во Стразбур

16/08/2007

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Муџахедински борец кој служел на босанската страна за време на конфликтот во периодот 1992-1995 година во средата (15-ти август) ја обвини БиХ за кршење на европските конвенции за човекови права со тоа што му го одзеде босанското државјанство. Имад ал Хусеин, познат и како Абу Хамза, добил државјанство пред 12 години. Но, властите одлучија да му го одземат претходно оваа година, во рамките на широката иницијатива против странците кои, како што велат, нелегално добиле државјанства.

Хусеин, роден Сириец, за весникот „Независне новине“ изјави дека и покрај тоа што не сторил ништо нелегално, сите негови апели за постојано живеалиште и азил се одбиени врз основа на тоа дека неговото присуство во БиХ претставува закана за националната безбедност. Тој рече дека планира да ја тужи БиХ пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. (Б92, Beta, Независне новинe - 15/08/07)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading