Косовската полиција уапси четворица осомничени нелегални трговци со оружје

07/08/2007

ПРИШТИНА, Косово, Србија -- Косовската полиција уапси четворица осомничени нелегални трговци со оружје, објавија медиумите во понеделникот (6-ти август). Апсењата од неделата вечер вклучуваат две различни локации. Три лица беа уапсени додека се обидуваа да продадат автоматски пушки и муниција, додека кај четвртиот беа пронајдени АК-47 и повеќе од 700 куршуми. Ова е втора операција против продажбата на нелегално оружје во Косово во рок од една недела. Минатата недела полицијата уапси две лица и пронајде складиште за оружје во близина на селото Подујево. (Блиц - 07/08/07; Taнјуг, Б92 - 06/08/07)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading