18/06/2007
ЗАГРЕБ, Хрватска -- Премиерот Иво Санадер изминатиот викенд посочи дека Хрватскиот приватизационен фонд (ХПФ), најверојатно, ќе биде затворен поради скандалот со корупција, во кој се вклучени високи претставници на истиот. Санадер даде изјава за новинарите во саботата (16-ти јуни), откако обвинителите објавија дека тројца заменици-директори на ХПФ и уште три други лица се уапсени врз основа на обвиненијата за злоупотреба и корупција. Истрагата, под тајно име „Маестро“, вклучува уште вкупно 20 други лица. Опозицијата вели дека истата не можела да се случи беа знаење барем на некои членови од владата на Хрватската демократска заедница.
Во другите вести, во понеделникот во Загреб започна судењето на двајца поранешни хрватски генерали, во првиот случај што й беше предаде на Хрватска од страна на Трибуналот на ОН за воени злосторства. Рахим Адеми и Мирко Норац се обвинети за масакрот во 1993 година на српските цивили во „Медачки џеб“ во јужна Хрватска. (Вјесник, Вечерњи лист, ББС - 18/06/07; ХРT - 17/06/07; ХРT - 16/06/07)