21/05/2007
СОФИЈА, Бугарија -- Двете десничарски партии -- Сојузот на демократските сили и новоформираната партија на градоначалникот Бојко Борисов, Граѓаните за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) -- извојуваа тесна победа на првите избори во Бугарија за Европскиот парламент (ЕП), објави во понеделникот (21-ви мај) Изборната комисија. ГЕРБ освои 21,69 отсто од гласовите, победувајќи ја коалицијата на владејачката Бугарска социјалистичка партија (БСП), Платформа еврoпски социјалисти, која освои 21,41 отсто и Движењето за правата и слободите (МРФ) на етничките Турци, помалиот владин партнер, со 20,26 отсто. Секоја од трите водечки партии би можела да добие пет места од 18-те за Бугарија во ЕП. Официјалната распределба на местата се очекува да биде објавена до среда.
Ултранационалистичката опозициска коалиција „Атак“ беше четврта со 14,22 отсто од гласовите, а потоа следеше вториот помал партнер во владата, НМС-II, со 6,26 отсто од гласовите, кои се очекува, исто така, да освојат места во ЕП. Ниту една друга партија, вклучувајќи ги и трите помали десничарски опозициски партии, не успеаја да го поминат изборниот праг -- што резултираше со оставка на водачот на Демократите за посилна Бугарија.
Одѕивот на изборите беше само 28,6 отсто, најниско регистрирано ниво од 1990-та година. Аналитичарите велат дека гласачите можеби ја казнуваат БСП за актуелниот корупциски скандал со високи владини и разузнавачки функционери. (Сега, бТВ, Дарик, Дневник, Ројтерс, АП, УПИ, БНР - 21/05/07)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's