Рускиот министер за надворешни работи разговараше за инвестициите во Црна Гора

22/04/2007

ПОДГОРИЦА, Црна Гора -- Инвестициите и трговијата беа главната тема на разговорите за време на состаноците на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, што се одржаа во петокот (20-ти април) во Подгорица. Лавров се состана со својот црногорски колега, Милан Рочен, при што се согласија дека наскоро треба да се потпише билатерален договор за слободна трговија. Тие, исто така, разговараа за заедничките инвестициони можности, при што Рочен ги покани руските претпријатија да учествуваат во големите проекти за изградба на патишта, како и во енергетските проекти. (Вијести - 21/04/07; Итар-Тасс, МИНА, АП - 20/04/07)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading