Бугарски фирми го потврдија учеството на тендерите од НАТО

27/02/2007

СОФИЈА, Бугарија -- Вкупно 16 бугарски фирми добија потврда за учество на тендерите од НАТО, според соопштението од понеделникот (26-ти февруари) на Државната комисија за безбедност на информациите. Претставниците на фирмите се состанаа во понеделникот со воените и трговските аташеа на земјите-членки на НАТО и ЕУ во Софија, како и со менаџерите на бугарски претпријатија од одбранбената индустрија.

Во другите вести од понеделникот, американскиот амбасадор во Софија, Џон Бејрли, ги отфрли извештаите во некои западни медиуми дека американската војска планира акции против Иран преку бугарска територија. Тој рече дека тоа е апсурдно и истакна дека има простор за дипломатски разговори во врска со иранската нуклеарна програма. (Монитор, 24 Часа, Сегa - 27/02/07; Медиапул - 26/02/07)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading