16/02/2007
АНКАРА, Турција -- Министерството за надворешни работи во четвртокот (15-ти февруари) го предупреди Кипар да го повлече тендерот за доделување право на експлоатација и дупчење нафта покрај брегот на островот. Ваквите тендери „ги кршат заедничките права на двете заедници на островот и практично значат свршен чин“, се вели во изјавата на министерството и се обвинува дека иницијативата на кипарската влада ги поткпува мирот и стабилноста на островот и целиот регион. Кипар им нуди на претпријатијата право на експлоатација на област од 70.000 квадратни километри, за нафта. Тендерот е прв од неколку круга за лиценцирање, кои следат по договорот помеѓу Кипар, Египет и Либан за воспоставување на ексклузивна зона за експлоатација на нафта и гас на Источниот Медитеран. (Eлефтерос типос, Катимерини - 16/02/07; РTT, АФКС, ЦНA - 15/02/07)