16/01/2007
ПОДГОРИЦА, Црна Гора -- Претседателот на парламентот, Ранко Кривокапиќ, во понеделникот (19-ти јануари) објави дека закажал вонредна седница на законодавниот дом за 30-ти јануари, на која ќе се разговара за нерешеното убиство на црногорскиот новинар Душко Јовановиќ. На крајот од минатиот месец Црногорскиот висок суд го ослободи Дамир Мандиќ, еден од обвинетите во врска со убиството во 2004 година на главниот уредник на „Дан“. Според критичарите, оваа пресуда беше скандалозна, со оглед на презентираните докази. (Вијести - 17/01/07; Минa - 16/01/07)