30/10/2006
СКОПЈЕ, Македонија -- Русија испрати протесна нота до македонската влада поради инцидентот во кој четворица руски дипломати беа нападнати во едно кафуле во Скопје. Според непотврдени извештаи, најмалку десет лица ги нападнале Русите во петокот (27-ми октомври). Дипломатите беа однесени во болница и потоа пуштени. Русија бара истрага и покренување на обвиненија. (ЕУобсервер, Интерфакс - 30/10/06)