29/10/2006
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Босанскиот суд го осуди Момчило Мандиќ, кој некогаш беше министер во владата на Радован Караџиќ, на девет години затвор за злоупотреба на функцијата и фалсификување документи. Сепак, Мандиќ беше прогласен за невин во врска со обвинението за вмешаност во организираниот криминал и помагање на Караџиќ да ја избегне правдата. Судиите се согласија со обвинителите дека обвинетиот направил проневера спрема Привредна банка со префрлање на средства на политички сметки и давање кредити без обезбедување. Тој доби наредба да плати сума еднаква на 3 милиони американски долари како компензација.
Друг обвинет, бизнисменот од Република Српска, Милорад Говедарица, беше осуден на четири години затвор. Двајца други беа ослободени: поранешниот српски член на претседателството на БиХ, Мирко Шаровиќ, и босанскиот бизнисмен Милован Бјелица. (Независне новинe - 28/10/06; AП, Ројтерс, ПБС БиХ - 27/10/06)