Насилници нападнаа црногорски писател, возачот убиен

26/10/2006

ПОДГОРИЦА, Црна Гора -- Еден од најпознатите црногорски писатели беше претепан од неколку неидентификувани поединци, кои го убија неговиот возач-телохранител. Јеврем Брковиќ (73) рече дека неколку маскирани мажи со пиштоли и палки го нападнале пред неговиот стан. Тој за новинарите изјави дека нападот доцна во вторникот (24-ти октомври) е одмазда на локалната мафија за неговиот последен роман „Љубовникот на Дукља“. Помеѓу другите работи, книгата ги обработува и врските помеѓу политичарите и криминалното подземје.

Ова не е прв очигледен напад на мафијата во Црна Гора. Во 2004 година уредникот на главниот опозициски весник во земјата беше убиен поради пишувањето за врските помеѓу функционери и организираниот криминал. Неговите убијци никогаш не беа пронајдени. (Дан, Вијести - 26/10/06; Ројтерс - 25/10/06)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading