24/10/2006
ДУБРОВНИК, Хрватска -- Претставниците на Министерството за внатрешни работи и ОДИХР во понеделникот (23-ти октомври) потпишаа договор за соработка во борбата против криминалот од омраза. Документот, во еден дел, предвидува вклучување на мерките против кривичните дела од омраза во постојната програма на обука за полицијата.
Исто така во понеделникот, премиерот Иво Санадер во Загреб се состана со својот молдавски колега, Василе Тарлев, и ја искажа подговеноста на неговата земја за поддршка на европските перспективи на Молдавија. Санадер рече дека Хрватска е подготвена да обезбеди помош во врска со реформите потребни за процесот на интеграција во ЕУ. (Вјесник - 24/10/06; веб-страница на ОБСЕ - 23/10/06)