23/10/2006
СКОПЈЕ, Македонија -- Полицијата пресече регионална група осомничена за серија киднапирања за откуп, според извештаите на локалните медиуми во неделата (22-ри октомври). Полициски извори велат дека акцијата е спроведена по повеќе од три години истрага. Специјални единици и хеликоптери беа користени во операцијата, која резултираше со ослободување на едно лице од Косово, киднапирано во Македонија претходно овој месец. Базата на групата била во Скопје, а наводно оперирала во Македонија, Албанија и Косово.
Во соседна Бугарија, Министерството за внатрешни работи во петокот објави дека полицијата уапсила еден Србин осуден за трговија со дрога во 2002 година, по кого трагал Интерпол од 2003 година. Апсењето уследи по едногодишно следење спроведено заеднички од страна на бугарските и српските власти. (Вечер - 23/10/06; Maкфакс, А1 ТВ - 22/10/06; Сегa - 21/10/06)