05/10/2006
ПРИШТИНА, Косово, Србија -- Австриските војници во КФОР открија големо складиште со муниција за време на патролирањето во шумската област во близина на Малишево, југозападна Приштина. Војниците открија 68 антитенковски мини, 92 пешадиски мини, 20 рачни гранати, 1.200 парчиња муниција и околу 600 килограми експлозив, објави во средата (4-ти октомври) еден австриски офицер. Нема извештаи за евентуални апсења. (УПИ, Ројтерс - 04/10/06)