06/08/2006
АТИНА, Грција -- Судот во Атина во петокот (4-ти август) му одреди 25-годишна казна затвор на поранешниот судија осуден за корупција. Леонидас Статис, исто така, треба да плати парична казна во висина од 71.020 евра. Неговото име изби на површина во скандалот на местење судски постапки минатата година, кога тој беше обвинет за примање мито од адвокатите во замена за поблага казна за нивните клиенти. Седуммина адвокати добија четиригодишна затворска казна.
Во другите вести, министерот за правда, Анастасиос Папалигурас, во саботата објави дека Министерството подготвува нов нацрт-закон кој има за цел борба против корупцијата во приватниот сектор. Мерката е во согласност со обврските на Грција како членка на Советот на Европа. (Катимерини, НЕТ ТВ, АНА-МПА - 05/08/06)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's