02/05/2006
БЕЛГРАД, Србија и Црна Гора -- Српскиот претседател Борис Тадиќ од 30-ти април до 1-ви мај престојуваше во работна посета на Италија. Неговата канцеларија издаде соопштение во понеделникот (1-ви мај), во кое се вели дека Тадиќ остварил серија состаноци со италијанските бизнисмени од Ломбардија и Пиедмонт, кои се фокусираа на зајакнувањето на економските врски и зголемувањето на италијанските инвестиции во Србија.
Во другите вести од понеделникот, Србија и Хрватска ја одбележаа 11-тата годишнина од контроверзната опрација „Блесок“ на хрватската војска, со која беше преземена контролата врз отцепената српската територија во Хрватска. Хрватите ја сметаа за голема победа, додека Србите велат дека во операцијата се протерани 30.000 Срби од своите домови. (Танјуг, РТС, ХРТ, ХИНА, Б92, Бета - 01/05/06)