Бугарија го екстрадираше осомничениот македонски трговец со луѓе за САД

24/04/2006

СОФИЈА, Бугарија -- Владата го екстрадираше македонскиот државјанин и наводен водач на синџир на трговија со луѓе во САД. Четириесетидвегодишниот Нафи Елези пристигна во Њујорк во петокот (21-ви април). Тој е обвинет по осум точки за трговија со албански и македонски државјани во САД, при што наводно наплаќал до 16.000 американски долари за секој. Истражителите велат дека организацијата на Елези најпрво ги носела клиентите во Бугарија, а потоа ги внесувала во авиони за други европски земји и потоа за Мексико, честопати користејќи лажни пасоши. Имигрантите, потоа, ја поминувале американската граница кај Тексас. Елези беше уапсен на бугарската граница минатиот јули. (AП, АФП, ББС, Ројтерс - 21/04/06)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading