Додик побара формирање на специјална комисија на ФБиХ за испитување на сомневањата за воени злосторства против сараевските Срби

18/04/2006

БАЊА ЛУКА, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Премиерот на Република Српска (РС), Милорад Додик, во понеделникот (17-ти април) рече дека мора да се формира специјална комисија што ќе ја утврди судбината на сараевските Срби што се исчезнати уште од конфликтот во БиХ, слична на онаа што беше формирана во РС за испитување на случајот на Сребреница. Додик инсистира на тоа дека владата на ФБиХ има одговорност за ова, со оглед на тоа што властите во РС не можат да ги надгледуваат внатрешните работи на другиот ентитет.

Исто така, роднините на исчезнатите Срби во понеделникот повторно предупредија дека ќе започнат протести пред Канцеларијата на високиот претставник во Сараево, ако не биде формирана ваква комисија. Тие планираат да му се обратат на Уставниот суд на БиХ во обид да се принуди владата на БиХ да формира ваква комисија.

Во другите вести, Додик рече дека го отпуштил заменик-министерот за транспорт, Мирослав Чириќ, поради сомневањата за поткуп. Тој рече дека приватен шпедитер се жалел дека морал да плати мито за да добие меѓународна транспортна дозвола. (Независне новине - 18/04/06; НТВ Хајат, РТРС - 17/04/06)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading