ЕУФОР и Србија и Црна Гора потпишаа договор со кој им се дозволува транзит на војниците на ЕУФОР

24/01/2006

БЕЛГРАД, Србија и Црна Гора -- Командантот на ЕУФОР, генерал-мајор Џан Марко Кјарини, и министерот за надворешни работи на Србија и Црна Гора, Вук Драшковиќ, во понеделникот (23-ти јануари) потпишаа договор за техничка соработка, со кој се овозможува транзит на војниците на ЕУФОР од Босна и Херцеговина преку територијата на државната заедница на пат за Косово. На заедничката прес-конференција Кјарини и Драшковиќ истакнаа дека потпишувањето на договорот претставува израз на интересот на двете страни за зајакнување на соработката и регионалната стабилност. Драшковиќ, исто така, истакна дека договорот ја зголемува безбедноста за косовските Срби. (Политика - 24/01/06; Бета, НТВ Хајат - 23/01/06)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading