21/12/2005
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Со заедничката седница на двата дома на парламентот на БиХ официјално завршија прославите по повод десетгодишнината од Дејтонскиот мировен договор. На седницата во вторникот (20-ти декември) присуствуваа членовите на Претседателството на БиХ, Министерскиот совет на БиХ, меѓународните претставници и странските дипломати, како и највисоките политички и верски претставници во земјата. Во својот говор претседателот на Претставничкиот дом на БиХ, Никола Спириќ, истакна дека најголемиот успех на Дејтон е тоа што тој стави крај на конфликтот во БиХ. Мора да започне нова фаза во изградбата на земјата, додаде тој.
Во другите вести, главниот заменик висок претставник Лари Батлер во средата ја посета Бања Лука. Неговата канцеларија објави дека тој повторно ќе ја повика Република Српска да прекине со опструирањето на реформите. (Независне новине, Дневни аваз - 21/12/05; РТРС, извори на ОХР - 20/12/05)