Војниците на НАТО го пребараа домот на близок пријател на Караџиќ во Пале

12/12/2005

ПАЛЕ, Босна и Херцеговина -- Војниците на НАТО во БиХ во понеделникот (12-ти декември) ја претресоа куќата на еден босански Србин во Пале, за кој се верува дека е близок семеен пријател на бегалецот обвинет за воени злосторства Радован Караџиќ. Претресот на домот на Драган Стајкиќ започна во околу 7 часот изутрина по локално време. Портпаролот на НАТО рече дека Стајкиќ е осомничен дека й припаѓа на мрежата на поддршка која му помага на Караџиќ да ја избегне правдата.

Во другите вести, високиот претставник на меѓународната заедница Педи Ешдаун одлучи да ги замрзни платите на судиите во БиХ, почнувајќи од 1-ви јануари. Оваа одлука има за цел да го елиминира диспаритетот помеѓу платите на судиите и генерално на народот. (РТРС, НТВ Хајат, Независне новине - 12/12/05; ПБС БиХ - 11/12/05)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading