01/09/2005
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Американскиот бригаден генерал Луис В. Вебер ја презеде командата на Штабот на НАТО во БиХ од бригадниот генерал Стивен П. Шук на формалната церемонија во кампот Бутмир во средата (31-ви август). Шук рече дека е задоволен од резултатите постигнати за време на неговиот 11-месечен мандат, особено напредокот постигнат во одбранбените реформи. Но, тој, исто така, истакна дека уште многу останува да се направи, особено во врска со целосната соработка со Трибуналот на ОН за воени злосторства. Вебер, од своја страна, изрази уверување дека реформите ќе продолжат.
Во другите вести од средата, командантот на јужното крило на НАТО, американскиот адмирал Хари Улрих, се состана со трипартитното претседателство на БиХ во Сараево. Улрих изрази уверување дека напредокот во реструктуирањето на одбранбениот сектор ќе биде успешно спроведен. (ПБС БиХ, Фена, РТРС - 31/08/05)