Британското претседателство на ЕУ ја поздрави молбата за предавање на Караџиќ

02/08/2005

ЛОНДОН, Велика Британија -- Во официјалната изјава британското претседателство на ЕУ во понеделникот (1-ви август) ја поздрави неодамнешната молба на Лилјана Зелен-Караџиќ до нејзиниот сопруг, Радован Караџиќ. За време на телевизиското интервју што беше емитувано во текот на викендот таа го молеше да му се предаде на Трибуналот на ОН за воени злосторства за доброто на неговото семејство. Претседателството на ЕУ, исто така, изрази пофалби и до српскиот претседател Борис Тадиќ и претседателот на Република Српска Драган Чавиќ, кои ја потврдија потребата Караџиќ и другите обвинети да се соочат со правдата во Хаг.

Поранешниот воен водач на босанските Срби беше главниот лик на филмот прикажан на српската телевизија доцна во понеделникот. Во филмот тој е прикажан како мегаломански опортунист кој почнал како сиромашен поет за да подоцна стане бизнисмен, фармер со кокошки, психијатар за фудбалски тим, екологист и ситен криминалец, осуден за измама. Во филмот, исто така, беа дадени и изјави на негови поранешни колеги, кои го опишуваат како медиокритет и несовесен лекар. Филмот е во продукција на South East News Service Europe (SENSE), независна агенција специјализирана за покривање на судските процеси за воени злосторства во Хаг. (Независне новине - 02/08/05; веб-страница на ЕУ, Танјуг, РТРС, ПБС БиХ, Ројтерс - 01/08/05)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading